Почетоците на Магнус се бележат уште во далечната 1923 година.Со првата браварско-металостругачка работилница во Скопје на познатиот мајстор Димитар (Митре) Илиевски, се удира првиот темел на приватниот бизнис кој како плод на сејмената традиција, успешно се пренесува од генерација на генерација се до денес. Своите мајсторски дела ги докажува во разни проекти на метални конструкции, мостови, настрешници, внатрешни и надворешни огради и др.
Како награда за своето долгогодишно работење, при отварањето на првиот Саем за мало стопанство, организиран во Скопје, ја добиваме првата и втората награда за иновација,...