За Нас

Почетоците на Магнус се бележат уште во далечната 1923 година. Со првата браварско - металостругачка работилница во Скопје на познатиот  мајстор Димитар (Митре) Илиевски, се удира првиот темел на приватниот бизнис кој како плод на сејмената традиција, успешно се пренесува од генерација на генерација се до денес. Своите мајсторски дела ги докажува во разни проекти на метални конструкции, мостови, настрешници, внатрешни и надворешни огради и др.
Како награда за своето долгогодишно работење, при отворањето на првиот Саем за мало стопанство, организиран во Скопје, ја добиваме првата и втората награда за иновација, рачна изработка на детски автомобил и детски тротинет. Во 50-тите години како иновативно решение е изработен и првиот лифт во зградата спроти Собрание на Република Македонија.
Во 2000 година со постигнатиот успех и големина се официјализираме во Магнус Инженеринг,  со основна дејност во електромонтажните, градежните работи и изработката на метални конструкции. Како дејности за кој се специјализиравме се:

Како целосен сервис, надополнет со долгодишното искуство и квалитетот на стручниот кадар, како и подготвеноста на тимот во секое време да излезе во пресрет на барањата на нашите клиенти , овозможуваме успешна реализација од идеја до краен производ.

Тајната на успехот се должи пред се на професионалниот однос на менаџерскиот тим и вработените кон работата.

Посветеноста во постојаниот развој  и достигнување на беспрекорни резултати во сите сфери на делување, развојот во стручноста на кадарот, современоста на техничко технолошката опрема и машини, се добива крајниот резултат, односно задоволството на потребите и желбите на крајните потрошувачи.

Како реномирана компанија чиј бренд долги години високо котира на Македонскиот пазар, во текот на 2008 година успешно го проширивме нашиот бизнис отварајќи своја репрезентативна компанија во Р. Албанија како Магнус Груп.

Магнус Инженеринг преставува синоним за високо квалитена изведба и производство.
Квалитетот на изведбата и производите е потврден од страна на инспектори од НАТО и ЕУ, со што компанијата се здобива со национални безбедносни сертификати за пристап до класифицирани документи и информации. 

За горенаведените дејности нудиме комплетна проектна документација, технички решенија и користење на материјали и опрема од светски реномирани производители. Сето тоа заедно со помошта на  нашиот технички стручен кадар, опремата, алати и машини кои ги поседуваме, спремни сме истите да ги изведеме  стручно, квалитетно, сигурно, доверливо  и навремено според  техничките нормативи и стандарди кои важат во Р.Македонија и ЕУ.
Располагаме со сопствен производствен погон, градежна механизација и превозни средства кои се потребни за изведување на ваков вид работи.